Тодоров договори размена на искуства со Њујоршката универзитетска болница

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети Њујоршката универзитетска болница каде договори размена на искуства и експертиза.

– Се работи за една од водечките здравствени институции во САД, а за нас особено е важно што Њујоршката универзитетска болница работи на изградба на нов, современ медицински центар кој треба да биде готов до 2017 година. Тоа е особено интересно за нас, имајќи го предвид нашиот проект за изградба на нов клинички центар во Скопје. Од Њујоршката универзитетска болница се понудија да ни го стават на располагање нивното искуство и знаење во изградбата и функционирањето на центарот. Воедно се понудија да се стават на располагање за обука на наши кадри, изјави Тодоров, по вчерашната посета на Њујорк.

Министерот Тодоров е во САД во рамки на големата македонска делегација која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации и на неколку инвестициски форуми. Делегацијата, предводена од претседателот на Владата Никола Груевски, ќе ги претстави предностите на Македонија за странските инвестиции во Принстон, Чикаго и Бостон.

Предвидено е притоа министерот Тодоров да посети водечки медицински центри во овие градови за да договори соработка со македонските здравствени институции.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството