Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Од:

Министерот за внатрешни работи на Албанија Таулант Бала со солзи во очите ја соопшти тешката вест за пронаоѓањето на безживотното тело на второто дете на Алма Ареза, мајка која стави крај на животот скокајќи во реката Бојана со своите три деца, пренесува VoxNews.

„Пронајдено е телото на уште едно дете. Се сомнева дека телото на мајката и други деца се во овој реон. Потрагата ќе продолжи и денеска. Тежок момент е, не можам да најдам зборови. Ги повикувам сите девојки и жени во земјата да го осудат насилството во семејството, насилството со кое се соочува секоја девојка и жена кога оди на работа, на улица. Да реагираме, сите други треба да ја зголемиме нашата моќ за да добиеме информации и навреме да интервенираме“, рече Бала.

Да потсетиме, Алма Арези, како што се сомничи, со трите деца скокнала во реката Бојана, наводно поради семејно насилство и поради тоа што нејзиниот сопруг имал љубовница.

За оваа трагедија зборуваше семејството на Алма, како и нејзиниот сопруг Ергис.

Албанските медиуми го објавија и признанието на рибарот кој го нашол телото на првото девојче.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски