Лидерите на партиите од Коалиција ВРЕДИ денеска на прес-конференција го обвинија ДУИ дека во страв од пораз на изборите сакаат да предизвикаат политичка криза во земјата и го повикаа претседателот на партијата Али Ахмети да одговори дали подготвуваат бојкот на вториот круг од претседателските избори.
-Во страв од поразот кој несомнено ги чека ДУИ веќе го загуби компасот. Така нивната единствена цел сега е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редови обидувајќи се да продолжат со Техничката влада повеќе од 100 дена. Целите на Али Ахмети беа јасни и ВЛЕН ја предупреди јавноста од моментѕот кога со кандидатурата на Бујар Османи ДУИ умислено ја елиминираше моижноста Арбен Таравари да влезе во вториот круг од претседателските избори. Затоа денес јавно го прашуваме Али Ахмети дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори иако се сретнавте со Стево Пендаровски и му ветивте поддршка. Ако ова е вистина кажете и на јавноста зошто не ги бојкотиравте претседателските избори во 2019 г. Што се смени од тогаш, дали стравот од неуспех ви го заматува видот или по наредба на руските центри на власта сакате да спречите ново парламентарно мнозинство да обезбеди уставни промени во рок од шест месеци по формирањето на новата влада, рече Изет Меџити пртетседател на Демократското движење кое е дел од Коалицијата Вреди.
Зошто работите против интересите на ЕУ САД, праша уште Меџити и побара одговори на овие прашања кои се, вели, од витално значење за иднината на државата. При тоа нагласи дека ДУИ не смее заминувањето во опозиција да го претставува како проблем за опстанок на државата.
-Сега кога ќе дојде време да преземете одговорност за корупциските скандали, вие подмолно се обидувате да го злоупотребите целиот албански народ како штит, но и помалите етнички заедници кои ги користите како заложници. Овие трикови се веќе видени, не поминуваат. По 8 мај ќе има Влада со Влен како единствен легитимен политички претставник на Албанците. Ќе има и мнозинство на бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата. Ова е крајно неодоговорно и кукавички. Затоа ве повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одиш во опозиција. Како легалисти демократи со нашиот политички кредибилитет гарантираме дека нема да има реваншизам туку одговорност ќе има само кога тоа ќе се докаже во правилни судски постапки, рече Меџити.
На новинарско прашање дали ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ тој не одговори директно, но рече дека ќе има промени и нова влада.
-Ние сме фокусирани на промовирање на нашата програма, нашата платформа, на контакти директни со глчасачите интензивно. Но по се изгледа волја на народот е да има промени и ќе има влада не со 61 туку ќе има над 70 пратеници. Ќе има поддршка од повеќето пратеници Албанци и со големо мнозинство со бадентер, рече Меџити.
На реторичко прашање дека сепак нема да имаат и двотретинско мнозинство што е неопходно за усвојување на уставните измени, Меџити вели „ не би рекол“.
Прашан дали ќе ги повикаат нивните гласачи да поддржан еден од двајцата кандидати во трката за претседател, Меџити рече дека е тоа нивно избирачко право и нема да даваат насоки за тоа.
Тој потврди и дека за Коалицијата Вреди бојкотот на изборите не е опција.
-На 8 мај мислам дека излезеноста ќе биде уште поголема дека (претседатлските) се заедно со парламентарните избори. На бојкот повикуваат тие што го имаат изгубено компасот, вели меѓу другото Меџити.