Алкараз: Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема долго да размислува за раната елиминација во Мадрид каде ја брнаеше титулата, туку веднаш се насочува кон следните планови.

Треторангираниот светски тенисер по поразот од Андреј Рубљев изјави дека не ни очекувал да стигне до таа фаза поради проблемот што го има со десната подлактица, поради што не да играше во Монте Карло и Барселона.

Неговата следна цел е Мастерсот во Рим кој започнува на 8 мај. Карлос се надева дека ќе биде подготвен на време и најавува дека ќе носи специјална заштита на повредената рака.

“Ќе видиме колку добро ќе се опоравам оваа недела. Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ во Рим. Се надевам дека ќе дојдам во Италија со позитивно чувство”, изјави Алкараз на новинарите во шпанската престолнина.

Алкараз досега само еднаш играше во Рим. Лани Фабијан Марошан го елиминираше во третото коло.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фијаско на Алкараз, за прв пат во кариерата беснееше и го кршеше рекетот

Предраг Петровиќ

Алкараз: „Би го направил тоа доколку освојам злато“

Алкараз со неверојатна леснотија влезе во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Алкараз се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз

Горан Наумовски

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон