Лука Модриќ го урна рекордот во Реал Мадрид кој го држеше легендарниот Френц Пушкаш – Со самото влегување на натпреварот против Баерн Минхен, стана најстариот играч кој заигра во Лигата на шампионите за кралскиот клуб.
Модриќ со 38 години и 234 дена се најде малку над легендарниот Пушкаш. Хрватот влезе во 75 минута, како замена за Џуд Белингам.
🇭🇷 Luka Modrić becomes the oldest player to play a Champions League game with Real Madrid.
38 years and 234 days, surpassing Ferenc Puskás’ record ✨ pic.twitter.com/7n1O86L90m
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 1, 2024
Тој почна да игра за Реал во текот на летото во 2012 година, како фудбалер од Тотенхем, а трансферот чинеше 35 милиони евра.