ВИДЕО: Северна Кореја симулираше нуклеарен контранапад

Од:

Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.

Врховниот лидер Ким Јонг-ун ја надгледуваше вежбата, наречена Нуклеарно активирање, која беше дел од тестот на системот за контрола на нуклеарното оружје на нацијата. Покрај тоа што раководството на Северна Кореја сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа, според КЦНА, беше и протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.

Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза. Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.

Пред неколку дена Северна Кореја објави дека тестирала боева глава од „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тогаш беше кажано дека овие тестови се дел од редовните воени активности на Северна Кореја и немаат никаква врска со ситуацијата во околината.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Би можело да ве интересира

Би-Би-Си: Северна Кореја гради ѕид во близина на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја тестираше боеви глави за крстаречка ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонското море

Северна Кореја истрела непознати крстосувачки ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја ја истрела третата ракета за седум дена

Ким Џонг-ун истрела крстосувачка ракета од подморница