Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Од:

Незадоволство од граѓаните после предизборната дебата на сите седуммина кандидати за претседател на Македонија, кое се емитуваше вчера на јавниот сервис.

Реакциите доаѓаат во однос на слабата организација на дебатата од секој аспект. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:

„Резиме од дебатата: Јас сум? Не Реплика? Да. Ама не вие Ааа Контра реплика? Може Ок. Контра реплика Кажете на кого Па не знам више на кого Ви истече времето. Ама не ми е јасно…. . . Ни нас дечки. Ни нас“
„Лошо конципирана дебата (ако воопшто ја имаше), тоа зависи од уредникот на телевизијата. Јас престанав да гледам после 10 минути, досадно.“
„Аман бе МТВ една дебата не знаете да организирате. Ниту се знае кој на кого одговара, ниту на што одговара, пола прашања отидоа во ветер. Мизерија.“
„Дечки од МТВ, она што синоќа го емитувавте не е дебата, туку квиз. Столе поставува прашања по области и секој има 30 секунди да одговори. Тешки глупости.“

Меѓу најкоментираниот дел од технички аскепт беше целокупниот изглед на студиото – Различните столици кои јавниот сервис ги обезбедил за седуммината кандидати, но и четирите маси кои ги делеа сите кандидати за претседател на државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години