(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

Од:

На денешниот граѓански собир во Скопје, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се осврна и на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека од независноста на земјата досега, тие се најстабилни бидејќи, како што рече, оваа политичка гарнитура знае дека освен евро-атлантските интеграции, соживотот е еден од двата клучни фактори за напредок на земјата. Но и за ова прашање, додаде тој, опозицијата не води сметка.

„Пред секои избори, како по правило, бараат 61 пратеник за наводно да не биле условувани од Албанците, а, пред некој ден повикаа на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот, не водејќи сметка дека етничката хомогенизација во мултиетничка држава како нашата е рецепт за дестабилизација“, потенцираше Пендаровски.

Во тој контекст Пендаровски се осврна и на неодамнешната изјава на Силјановска во која вели дека ќе направи нов граѓански Устав, а притоа, како што подвлече Пендаровски, не објасни дали во него ќе има место за Македонците.

„Најнова идеја промовирана во кампањата им е предлогот за носење на целосно нов граѓански устав за кој опозиционата партија до сега се нема произнесено зошто ни е тоа потребно и дали таквиот устав може да го наруши концептот воспоставен со Рамковниот договор“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он