Ковачевски: Мицкоски мисли на мораториум за членство во ЕУ

Од:

Се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството на ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Тетово на митингот на Коалицијата за европска иднина.

-Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот и единствен пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори. Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, рече Ковачевски.

ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата и ја изолираше од светот. Тие не само што нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ ниту милиметар, а туку ќе ги обвинуваат сите околу себе, соседите и на крај и ЕУ ќе им биде крива, додаде тој.

-Спремни се Македонија уште 100 години да чека за да влезе во ЕУ или како што ќе кажат можеби и никогаш. Ние заедно нема да дозволиме да си поигруваат со нашата иднина и иднината на нашите деца, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста