Андоновска: Ќе се залагам пензијата во едно семејство да не биде помала од 25 илјади денари

Од:

Како пензионер од пред четири години, доктор по професија, она што сигурно можам да го гарантирам е дека ќе се залагам за една семејна пензија којашто е во нашата програма и ќе ја реализираме, со законски измени, кадешто пензијата во едно пензионерско семејство не смее да биде помала од 25.000 денари рече носителката на листата во Изборната единица 1 од коалицијата „Храбро за Македонија“ Добрила Андоновска.

– Што значи тоа? Ако имате еден пензиоенр во семејството кој има помала пензија од 25.000 денари, низ системот на социјалните мерки, таа пензија ќе се надокнади до 25.000 денари. Ако имате двајца пензионери, а потоа еднио тпочине, останува едната пензија, повторно пензионерот ќе оствари право на пензија до 25.000 денари. Тоа е минимална пензија со која може да опстанат пензионерите во денешно време, да ги платат сите свои давачки, да се хранат квалитетно и да ги платат сите трошоц за здравственото лекување.Овие мерки што другите партии и другите коалиции се залагаат, за линеарно покачување на пензиите не се добри од причина што ќе колабира пнезискиот систем и за една блиска иднина значи дека никој од нас пензионерите и идните пензионери нема да земеме пензија рече Андоновска на средба со пензионерите во Карпош.

Би можело да ве интересира

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“

„Вреди“: ДИК за ИЕ6 отвори седум гласачки кутии, во четири се констатирани неправилности, ДУИ нема капацитет за спроведување избори

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски