Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Од:

Полицијата уапси двајца крадци, едниот во Куманово, другиот во Крива Паланка. Според информациите првиот извршил кражба во деловен објект, а вториот во приватен дом.

„ На 18.04.2024 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.З.(18) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот извршил кражба во деловен објект на улицата „Трета македонска ударна бригада“.“

„ На 18.04.2024 во 8.40 часот, полициски службеници од Крива Паланка го лишиле од слобода Л.М. (19) од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Коце Металец“ во Крива Паланка при обид да одземе предмети од приватен имот.“

Двете лица се уапсени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Двајца кавадарчани оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална

Горан Наумовски