Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, изјави дека до самитот во Вашингтон во јули оваа година нема да има услови за поканување на Украина во Aлијансата.
„Ќе бидам искрен, не верувам дека до самитот во Вашингтон ќе бидат исполнети условите Украина да биде поканета во НАТО“, рече тој, одговарајќи на прашање на украински новинар на Форум за одбраната во Вашингтон.