Украина треба да обезбеди сопствена работна сила, сојузниците на НАТО и снабдуваат средства, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри.
„На Украина и требаат луѓе и ресурси. Сојузниците на НАТО можат да обезбедат средства со обезбедување поголема поддршка од претходно, за што разговараме денес“, рече тој, одговарајќи на прашањето на Спутник за недостигот на војници во вооружените сили на Украина.
Тој посочи дека, што се однесува до работната воена сила, таа треба да ја обезбеди Украина.
„Киев штотуку донесе нов закон со кој се прошири старосната граница за воен рок. Не е на мене да давам детали, но сигурен сум дека Украина ќе ги донесе потребните одлуки за да го мобилизира потребниот број луѓе“, заклучи Столтенберг.
Притоа, тој посочи дека гледа позитивен развој во однос на обезбедувањето оружје на Украина од страна на членките на Алијансата.