Автомобил „фолксваген пасат“ сопственост на Иван П., вработен во привремената управа на општина Лепосавиќ, е опожарен.
Автомобилот бил запален на паркингот на околните кафулиња, а веднаш до паркингот е и Институтот за српска култура во Лепосавиќ. На автомобилот е причинета голема материјална штета, а поради брзата реакција на пожарникарите не се оштетени другите возила паркирани до него.
Жителите кои живеат во близина велат дека противпожарните екипи и полицијата набрзо пристигнале на местото на настанот, извршиле увид и го повикале сопственикот на автомобилот кој бил запален.