Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Од:

Владата на денешната 15-та седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство за специјализантите по медицина и донела одлука, согласно закон, а веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

На тој начин ќе се пристапи кон целосно решавање на статусот на специјализантите, како што се наведува во соопштението „имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Република Северна Македонија“.

Се работи за приватни специјализанти кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата.

Како што наведува владината прес-служба, „во активна соработка со специјализантите, Владата досега покажа огромна грижа за унапредувањето на нивниот статус и е одлучна да продолжи во оваа насока, кон решавање на сите прашања од нивни и јавен интерес, во функција на здравјето на граѓаните“.

-Како што е констатирано на седницата, приватните специјализанти во 2018 година првпат беа платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, со оглед дека дотогаш тие немаа финансиски надоместок за ангажманот, а ниту една влада претходно не покажа слух и капацитет да почне со решавање на нивниот работен статус. Во изминативе неколку години, значително се покачени платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и е вратено достоинството на сите здравствени работници и соработници, информира прес-службата на Владата.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка