Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на отворањето на Бизнис саемот во Мостар изјави дека денеска разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и рекол дека напаѓачите на хрватските новинари во Панчево ќе бидат казнети.

-Прво, не само што го осудувам, туку нашите надлежни органи ќе направат се за да ги гонат оние што направиле нешто такво – недозволиво е, недозволиво е и такво нешто не смее да се случува во нашата држава, никаде во регионот. – истакна тој Вучиќ.

Тој рече дека имал краток разговор со премиерот Пленковиќ.

-Разговаравме и тој ми посочи едно, а нема да зборувам за нашите приговори на другите, кои секако ги има – колку сакате, туку за тоа какви се забелешките на наша сметка. И ќе се погрижиме она што е нормално, рационално, разумно, постојано да го коригираме и поправаме – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор