(ВИДЕО) Пендаровски: Силјановска потврди дека историските прашања не се услов за влез во ЕУ

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа во Куманово, одговарајќи на прашање од граѓанин за ставовите на Гордана Силјановска-Давкова во врска со францускиот предлог и фактот дека историските прашања не се предуслов за влез во ЕУ, порача дека таа со таквиот став отишла контра наративот што ВМРО-ДПМНЕ две години го пласира во јавноста.

„Со таа изјава противкандидатката им ја собори целокупната политичка стратегија градена две години наназад. Значи, две, две и пол години 24/7 само тоа ни кажуваат, дека мораме да ја прифатиме комплетно бугарската историја за да влеземе во Европа. Госпоѓата јасно и прецизно вели дека историјата не е предуслов да станете членка на ЕУ. Претпоставувам дека ја критикувале после таа изјава во партијата која дава поддршка ама таа е нивен избор, не сум ја наметнал јас.”

Во однос на потребните измени на Уставот за продолжување на евроинтегративниот процес, Пендаровски изрази уверување дека во следниот парламентарен состав ќе се најдат 80 пратеници кои ќе ги донесат измените и на тој начин ќе обезбедат европска иднина за државата.

„Дали тоа му се бендисувало некому или не, тоа е сега предуслов да продолжиме и на крај да влеземе во ЕУ. Јас се надевам дека следниот парламентарен состав ќе има две третини, на да ги наречам државотворни пратеници кои нема да водат сметка само за својот џеб или за своето семејство, ќе водат сметка и за сите и за младите генерации кои нема потреба да ги тераме да заминат надвор од државава чекајќи да станеме членка на ЕУ, да одат во Нов Зеланд или не знам каде во светот, туку треба тука да имаат шанса, прва шанса дома да се успее, да се направи кариера, да се формира семејство и да се има среќен живот. Тоа го знаат сите во Европа. И овие од ВМРО-ДПМНЕ го знаат тоа, меѓутоа велат да дојдеме прво на власт па ќе ви кажеме што ќе правиме после 9 мај. Јас мислам тоа се политички мешетари од најдолен балкански вид“ порача Пендаровски пред граѓаните на Куманово.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат