Пендаровски му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека веројатно го заменил со неговиот претходник Иванов.
„Мислам дека на Мицкоски му се привидува нешто. Тој ме заменил со еден што беше пред мене претседател, Ѓорѓе Иванов – тој помилуваше криминалци. Јас криминалци ниту сум помилувал ниту имам намера да помилувам. Него му е голем страв Груевски да не му се врати од каде што избега, затоа што ако му се врати Груевски се знае кој е правиот газда таму, тој го постави на тоа место каде што е.
И постојано обвинуваат дека јас ќе го амнестирам Груевски или преку измени на кривичен закон или не знам како. Дали го гледа некој Груевски во Македонија? Како сум го амнестирал? Груевски е таму кај што беше. Меѓутоа стравот е толку голем и му излегува од очи, да не случајно му се врати Груевски. Значи повторувам – ниту некој пат сум имал намера да амнестирам некого, ниту сум амнестирал, ниту ќе амнестирам. Нека се обрати кај неговиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов, кој патем кажано, е личен пријател со против кандидатката Силјановска Давкова“, додаде Пендаровски.