Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

Од:

Обраќањето на Мисајловски во Куманово го пренесуваме во целост:

Еден убав ден во Куманово.

Навистина ми е драго што гледам позитивна енергија.

Денеска тука премногу млади луѓе, имаме авангарда од Куманово, уметници, луѓе што се препознатливи во градот, нашите кандидати за пратеници но денеска сакам една убава вест да споделам со сите вас, а тоа е дека Куманово има една преубава позитивна енергија и целата енергија води кон Гордана Силјановска Давкова.

И навистина е тоа убаво чувство, убаво чувство да се каже тука од Куманово една убава вест за сите.

И сакам да ги повикам сите граѓани да се обединат. Останува уште многу малку време до првиот круг. Но, првиот круг е многу важен. Да испратиме огромна порака тука од Куманово, од центарот на Куманово дека сите и млади и стари, сите независно од кој етникум се сите сакаме да се сплотиме и да донесеме промени.

Да донесеме промени за горда Македонија, за Македонија што е навистина европска. Македонија која ќе биде горда за секој еден независно од каде е.

Затоа ве повикувам од тука, од најголемиот град во државата, од слободно Куманово сите заеднички, за Гордана да победиме. Така ќе победи и Македонија и потоа полесно ќе биде на 8 мај да направиме уште во првиот круг над 100 илјади гласови разлика и тој бран да продолжи и за парламентарните избори.

Ги повикувам да се сплотат, бидејќи овој тим, позади мене е прекрасен тим, овие луѓе се иднината, овие луѓе се тие кои набрзо ќе ја водат Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?