ЦДУ на Меркел победи на покаринските избори во Хесен

Од:

Конзервативците на германскиот канцелар Ангела Меркел победија на вчерашните покраински избори во западната покраина Хесен, каде се наоѓа финансискиот центар на во земјата – Франкфурт.

Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел освои 38,3 отсто од гласовите и 47 пратенички мандати во Собранито на Хесен.

Партнерот на ЦДУ во покраинската влада, Слободната демократска партија (ФДП) во последен момент успеаја да го мине петпроцентниот цензус, освојувајќи 5,03 отсто од гласовите и шест пратенички места. Тоа, меѓутоа, е пад за 11,2 отсто во однос на нивниот последен изборен резултат од 2009 година.

Социјалдемократите освоија 30,7 проценти од гласовите, Зелените 11,1 отсто, а партија Левица 5,2 осто, што теоретски овозможува формирање на левичарска коалиција меѓу овие три партии.

Торстен Шефер-Гумбел, лидерот на социјалдемократите во Хесен, не ја исклучува ваквата варијанта, иако ја смета за не многу реална.

ЦДУ на Меркел, сепак, останува најсилна партија и премиерот на Хесен, конзервативецот Фолкер Буфиер уште синоќа ги повика социјалдемократите и Зелените да почнат преговори за коалиција.

Каква комбинација и да се формира во покраинската власт, таа ќе има сериозни последици и врз идната федерална влада. чиј состав исто така засега е неизвесен.

Секоја германска покраина има претставници во Бундесратот, Горниот дом на германскиот Парламент, чиј број зависи од нејзината големина. Хесен делегира петмина претсавници во 69-члениот Бундесрат.

Пред изборите во Хесен, ниту еден политички табор немаше мнозинство од 35 гласа, но левицата имаше можност да го блокира управувањето на федералната Влада. Евентуална левичарска покраинска влада во Хесен, дополнително ќе ја усложни задачата на секој Кабинет на чело со конзервативците на Меркел во Берлин, забележуваат аналитичарите.

Би можело да ве интересира

Мистерија во Германија: Морничава сцена на игралиште, пронајден крвав фустан на девојче

Предраг Петровиќ

Тројца мажи и жена мачеле девојката со часови, ја врзале и ја фрлиле во река во Долна Саксонија

Горан Наумовски

Синот го запалил татко му додека спиел, па се забарикадирал во станот во Хамбург

Српски државјанин крвнички убиен од својот цимер додека бил на привремена работа во Бремен

Голема рација во Германија: Запленет кокаин вреден милијарди евра

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа