Димитриевски: Ќе иницирам законски решенија за директна помош на вистинските винопроизводители

Од:

Кампањата на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во посета на Демир Капија.

Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба
да се потенцира.

„Сметам, додаде тој, – дека тие со својата работа во голем делпридонесуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ. Само со посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава Македонија“.

Димитриевски рече дека винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на Бруто домашниот производ на државата.

„Од позиција на Претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси.

Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот“, рече Димитриевски.

Денеска караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски покрај Демир Капија ќе ги посети Неготино, Росоман и Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и опстане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Димитриевски: Конечно правдата излезе на виделина

Немало докази за направена штета, објаснување од Обвинителство за повлеченото обвинеие против Максим Димитриевски

Обвинителството се откажа, Максим Димитриевски нема да одговара за супензијата на урбанистичкиот план