Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Од:

Микел Н. (39) е убиен во Стокхолм пред очите на својот 12-годишен син. Мажот, кој е родум од Полска, бил застрелан од еден од членовите на локалната банда, која продавала наркотици.

Убиството се случило кога Микел со синот одел на базен. Претходно, убиениот неколку пати повикал полиција поради бандите деца кои се собираат во околината и продаваат дрога. Загрижен дека неговиот син расте во таква средина, тој апелирал до полицијата почесто да ја посетува областа и да апси дилери.

Кобната среда додека со синот минувал низ еден од тунелите, на пат кон базенот налетал на неколку членови на бандата. Тој, наводно, се пресметал со нив, а потоа еден од членовите на бандата извадил пиштол и му го вперил во глава. Микел се обидел да ја оттурне раката и да го грабне оружјето, кога пукнал пиштолот. Микел паднал на под облеан во крв, додека неговиот син зачудено гледал.

Според шведските медиуми, за ова кривично дело се уште никој не е уапсен. Убиството на Микел ја потресе целата нација, а се огласи и самиот премиер.

„Ова е нехумано, животинско однесување, не смееме да го дозволиме“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон, коментирајќи го злосторството.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски