(ВИДЕО) Пендаровски : Во официјален извештај на ЕП, Мицкоски е именуван како човек кој шири лажни вести

Од:

Зборувајќи пред жителите на Валандово, вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека на оваа држава и требаат лидери кои размислуваат 30-40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји.

„Работејќи за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на нашиот рејтинг, ја внесовме земјата во НАТО”, рече Пендаровски.

Одговарајќи на прашањата на граѓаните, а во однос на секојдневните обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека им се заканувал на граѓаните, Пендаровски рече дека пародија е фактот што Мицкоски се шокира од вести кои самиот ги продуцира.

„Во 2020-тата година во извештај на Европскиот Парламент, во извештај на Комитетот за надворешни работи, Мицкоски е именуван како личност којшто продуцира лажни вести и дезинформации. Не му верувајте ништо”, додаде Пендаровски.

Затоа, како што истакна тој, „на 24 април граѓаните масовно ќе излезат, ќе заокружат број 1 и ќе им покажат што сака народот. А народот сака европска иднина, просперитет и среќа”.

Во оваа насока Пендаровски додаде дека и понатаму ќе работи за надминување на поделбите во општеството по многу основи.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат