Стоилковски: Дали Филев, наркодилер, алкохолизиран насилник, е вратен за директор зашто и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп

Од:

Бесрамно, СДС го враќа на работа директорот на меѓуопштински ЦСР Радовиш, Александар Филев од СДС, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога, за неколку дена потоа пијан да нападне полицајци среде полициска станица.Без никаков срам Јована Тренчевска, таа што бара гласови во ИЕ4, бара, а СДС и ДУИ го укинаа разрешувањето на Филев од Центарот во Радовиш заради билдањето на неговото полициско досие, кое е во судир со функцијата директор на ваков центар вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилквоски.

– Внимавајте, човек фатен во трговија со дрога и човек насилник, алкохолизиран напаѓа полицајци, наместо да е корисник на услуги на ЦСР, заради неговото поведение, СДС и Тренчевска го враќаат како директор!? Овој човек, кој во 20 дена годинава неколкукратно има регистриран судир со законот заради наркотици, алкохол и насилство, сам по себе е опасност за штитениците на ЦСР, а не пак да директорува со институцијата која треба да помогне токму и на вакви лица, и на лица жртви на такви како него. Оттука зошто Филев е вратен од владата на СДС/ДУИ? Која е неговата вистинска улога во изборниот процес? Филев е виден член на СДС и близок со Јована Тренчевска и поставен за директор од неа. Дали Филев и е потребен на Тренчевска за да одработи за изборите каде што таа е кандидат? Дали Филев е вратен за директор затоа што и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп праша Стилковски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО