Како што дознава Курир, во просториите на Вишото јавно обвинителство ќе биде сослушана и мајката на Д.Д., осомничениот за убиството на Данка Илиќ.
Пред се затоа што потрагата по телото на девојчето се уште трае, а се уште се работи на утврдување кој имал се` со овој страшен чин.
Иако домот на Д.Д. е заклучен, полицаец и денеска го обезбедува селото Злот, па се претпоставува дека С.С., мајката на Д.Д., нема наскоро да го напушти овој простор, токму поради сослушувањето на кое мора да одговори.
Пред домот на осомничениот за убиството на двегодишното девојче Д.Д. се е пусто.
Од четиричленото семејство останала само мајката на С.Д, но како што дознава Курир и таа излегла од куќата.