Салиу: Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата, за пиштолот имам дозвола

Од:

Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда. Жал ми е што со моето однесување можеби влијае ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и ако ве разочарав вас што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата, напиша новинарот Фуркан Салиу на фејсбук профилот на ПорталиХ.

„Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица. Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил… Пиштолот е со дозвола и e пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот. Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, беше претресен автомобилот од страна на специјалната единица. Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, вели Салиу.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија

МВР мора да постапува еднакво кон секој кој ќе нападне полициски службеник – Тошковски за апсењето на Фуркан

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Уапсен е новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски