(ВИДЕО) Уапсен е новинарот Фуркан Салиу

Од:

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар. Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

Oд МВР велат дека денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во скопското село Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре” и ФК „Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи.

„Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од Арачиново, додека С.Б. (40) од Арачиново е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило „дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија

Салиу: Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата, за пиштолот имам дозвола

Горан Наумовски

МВР мора да постапува еднакво кон секој кој ќе нападне полициски службеник – Тошковски за апсењето на Фуркан

Анита Петровска Рајковиќ