Пендаровски за апсeњето на новинарот Салиу: Се надевам дека тоа не е знак на враќање на режимот на Груевски

Од:

Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот. Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња на Груевски, кога новинари заглавуваа во затвор и беа тепани и замолкнувани, рече актуелниот претседател и претседателски кандидат Стево Пендаровски на граѓанска трибина во Охрид одговарајќи на прашања од граѓаните.

Тој додаде дека се надева оти тоа не е знак како тие луѓе би владееле ако добијат шанса, бидејќи, како што кажа, граѓаните се изгорени од тоа.

-Можеби грешам, се извинувам, не ја знам реалната ситуација, но од видеото, 4-5 специјалци фрлени врз новинар, ми е малку симптоматично, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше случаи кога новинари лежеа во затвор и за напишан збор и, како што кажа, не би сакал ова да е лош знак дека ако се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт така ќе постапуваат со медиумите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски