Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Од:

Три дена по неофицијалниот избор на ЕВН Хоум за старо нов универзален снабдува, нема официјална информација како се одвивал изборот и како течела аукција, кој според повикот требаше да се спроведе јавно.

Владината Комисија за избор на УС, иако беше најавено, не излезе јавно со извештај кој од апликантите на јавниот повик ги исполнил условите предвидени во тендерот и кој добил покана да учествува на аукцијата.

Дека изборот е направен од Владата за ова брифирале само дел од медиумите истакнувајќи дека извештајот од аукција ќе биде разгледан на некоја следна владина седница, по што ќе биде донесена одлука дали исходот од аукција ќе биде прифатен.

За експертите, сета оваа мистерија околу изборот на универзален снабдувач отвора сериозни дилеми за регуларноста на постапката. Потсетуваат дека пред пет години јавноста имаше речиси комплетен увид во текот на целата постапката. Изборот во 2019 година беше направен според т.н. „отворена процедура“ кој овозможува висока ниво на транспарентност и фер конкуренција согласно Законот за јавни набавки.

Оваа постапка, се чини, овој пат изостанала, бидејќи пред информацијата дека ЕВН Хоум и во следните пет години ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија нема никаква информација за текот на постапката, ниту најава за одржување на аукција со негативно наддавање.

Согласно повикот, единствен услов за избор на УС беше понуда на најниска профитна маржа. А, на повикот покрај ЕВН Хоум се пријавија и ЕСМ Продажба и приватната компанија ЕДС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он