манчестер Сити пред своите гледачи, на својот стадион, предводени од извонредниот аргентински репрезентативец Серхио Агуеро му нанесоа тежок пораз од 4:1 на градскиот ривал, практично му ја симнаа круната од глава и докажаа дека противникот е сериозно ослабен за најважниот играч – сер Алекс Фергусон.
Агуеро и Јаја Туре во првиот дел, потоа пак Агуеро и Самир Насри во првите четири минути од вториот дел му нанесоа катастрофа на гостинот, кој одигра непрепознатливо и неверојатно лошо, а дури по повеќе од еден час успеа барем еднаш сериозно да се закани.
Во финишот Руни само го ублажи поразот.