Коалицијата „Вреди“ најавува свои кандидати за пратеници и во ИЕ 3 и 4

Од:

Коалицијата „Вреди“ ќе има свои кандидати за пратеници и во изборните единици 3 и 4, најавија од уште една од партиите кои ќе учествуваат со заеднички листи на парламентарните избори. Рокот за кога политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите закажани на 8 мај е денес до полноќ.

Откако вчера Арбен Таравари од Алијанса за Албанците (АА) во Тетово, најави, денес и од Движење Беса со потврда дека ќе имаат како коалиција кандидати за пратеници за изборните единици 3 и 4.

И од двете партии нема соопштено ниту едно име, ниту за носители на кандидатските листи и другите кандидати.

-Во ИЕ3 и ИЕ4 ќе имаме кандидати. Имаме повеќе имиња. Ни треба повеќе време да се консултираме. Не се партиски имиња, туку независни имиња. Затоа зедов автортизирање од централното собрание за да можеме да ги изберем личностите кои што ќе имаат влијание во тој регион, изјави вчера Таравари.

Како носители на листи коалицијата „Вреди“ ги одреди Изет Меџити во „единицата“, Африм Гаши во ИЕ2, Биљал Касами во ИЕ6 и Салим Сулејмани во „петката“. Коалицијата ја направија Движење Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и Демократско Движење на Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Влен: Вистината што ДУИ сака да ја скрие со лаги: 20 години на власт, нула Албанци во одредени институции

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Вреди: ДУИ ја продаде еднаквоста за „Соравија“

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Сејдиу: Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку предавство

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ