Претседателот Иванов го посети обновениот манастир Трескавец

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја денеска го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец.

Од владиките Петар, Климент и од отецот задолжен за манастирот Калист, претседателот Иванов беше запознат со сосотојбата во која сега се наоѓа, шест месеци по пожарот во кој изгореа конаците, со историјатот на манастирот и на црквата „Успение на пресвета Богородица“ кој датира од 13 и 14 век.

Со големи впечатоци за значењето на манастирот за нашата историја и она што го оставил низ вековите, претседателот Иванов по неговата прва посета на Трескавец, нагласи дека манастирот е сведоштво за минатите, сегашните и идни генерации.

– Ова е сведоштво за многу епохи, многу генерации кои овде наоѓале утеха, во овој амбиент каде што се себеосознавале. Сведоштвата за темелите и за фрескоживописот во манастирот укажуваат дека и во минатото имал слични непогоди. Меѓутоа, луѓето секогаш биле сплотени, солидарни, да се обнови да се изгради, изјави Иванов.

Одговорност на оваа генерација, кои сме сега свидетели на ова, потенцира тој, е повторно да ја покажеме нашата солидарност за идните поколенија да се сеќаваат на нашата хуманост, помош и на нашата верба во бога.

Според владиката Петар, за обновата на Трескавец многу е битно што државата, конкретно Министерството за транспорт и врски го изгради патот долг 7,5 километри. Манастирот ќе се обновува во оригиналната верзија.

– Манастирот и досега страдал во пожар. Страдал и во 90-ите од минатиот век. По повеќе од 20 години, сега ќе се трудиме што е можно пооригинално да се реконструираат конаците и што побрзо. Многу е битно што се изгради патот, тоа ќе ја забрза обновата, материјалите побрзо ќе стигнуваат до манастирот, изјави владиката Петар.

Откако е изграден патот голем е бројот на посетителите на Трескавец.

– Ќе се трудиме како општина да направиме се за да му го вратиме сјајот на манастирот, изјави Никола Димески, претседател на советот на општина Прилеп.

Инаку, денеска манастирот го посетија гости од Кавадарци, група од планинарско друштво, 11 члена група од Холандија кои првпат се во посета, а за манастирот прочитале на светски мапи.

Вчера и денеска во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ се одржани три крштевки, први откако изгореа конаците. И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го крсти своето дете денеска во манастирската црква.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on