Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Од:

Ве известуваме дека почувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје.

На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големиот шумски пожар на грчки остров е надвор од контрола, наредена е евакуација

На преминот „Богородица“ кон Грција се чека околу 30 минути за излез од државата

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница