Каевски: Нема промени во ДПМНЕ, тие што го блокираа европскиот пат повторно на изборните листи

Од:

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација.

Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ.

Над 80% се истите пратеници.

Граѓаните беа сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание.

Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата.

Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите.

Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ.

Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Се потврди.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ, рече на прес конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје