Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Од:

Во мексиканскиот туристички град Таксо толпа гневни граѓани брутално претепаа жена осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче. Луѓето до смрт ја претепале жената неколку часа пред познатата градска поворка на Светата недела, пишува АП.

Толпата настана откако во средата исчезна осумгодишно девојче. Нејзиното тело било пронајдено вчера рано наутро на пат на периферијата на градот.

На снимката од безбедносните камери се гледа како жена и маж товарат нешто завиткано во чаршаф во такси, што изгледало како да е тело на дете.

Толпата вчера ја опколила куќата на жената од видеото, заканувајќи се дека ќе ја извлече. Полицијата ја внела жената во службен пикап, но полицајците застанале и дозволиле на толпата да ја извлечат осомничената од возилото на улица. Луѓето ја клоцале и тепале жената додека таа лежела полугола и неподвижна на земја.

Откако граѓаните брутално ја претепале, полицијата ја ставила жената во пикап. Државното обвинителство на Гереро подоцна потврди дека жената починала од повредите.

Градоначалникот на Таксо, Марио Фигуероа, рече дека го споделува гневот на жителите поради убиството на детето. Фигуероа кратко по претепувањето на жената на улица изјави дека не добил никаква помош од државната власт за градската полиција, која била помалубројна од разгневената толпа.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски