Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Од:

62 годишен скопјанец и неговат фирма добија кривична пријава за узурпација на недвижности. Си оградиле туѓо земјиште кое се наоѓало кај поликлиниката Бит Пазар и си наплаќале паркинг.

„ Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ, затоа што А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице„ велат од МВР.

А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади  поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува  градежно неизградено земјиште  во општа употреба во сопственост на државата,   противзаконски  го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез- излез на  предметното земјиште, каде што за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.

Би можело да ве интересира

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Скопјанец „испумпал“ милиони од фирмата во која работел

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Почина скопјанецот кој беше застрелан кај Бит Пазар

А1он