(ВИДЕО) За масакрот во Москва уапсен е татко и неговите двајца синови, им помагале на терористите

Од:

Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во петокот во Москва во кој загинаа 137 лица. Браќата Аминчон и Диловар Исломов, како и нивниот татко Исроил Исломов, денеска се појавија пред судот во Басман обвинети за помагање и поттикнување тероризам и ќе бидат во притвор во високобезбедносен објект до 22 мај.

Тие се обвинети дека биле дел од ќелијата на ИСИЛ што го изврши нападот и помогна во планирањето на бегството на вооружените напаѓачи кои отворија оган врз посетителите на концертот во центарот „Крокус“ во близина на Москва.

Диловар Исломов е претходниот сопственик на белиот автомобил „рено“ со црн покрив за кој властите тврдат дека бил возило за бегство на напаѓачите. Таткото и синовите се обвинети за заговор со еден од другите наводни напаѓачи, Шамсидин Фаридуни.

ТАСС јавува дека е уапсен и Киргистанецот Алишер Касимов, кој наводно им изнајмил стан на извршителите на терористичкиот напад. Касимов е роден во градот Ош. Тој е руски државјанин и има три деца. Тој е сопственик на кафуле во Красногорск, пишува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“

Млад маж со чекан го нападнал соседот, во притвор е заедно со неговите помагачи

А1он

ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени