ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот на концертната сала во Москва

Од:

Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) ја презеде одговорноста за вечерашниот напад врз концертна сала во Москва, во кој загинаа најмалку 40 луѓе.

Новинската агенција Amaq, поврзана со терористичката група ИСИЛ, на Телеграм објави дека борците на ИСИЛ „нападнале голем собир во предградието на руската престолнина Москва“.

Си-Ен-Ен ја пренесува оваа информација и истакнува дека не биле понудени докази дека нападот бил планиран и изведен од ИСИЛ.

Очевидци сведочеа дека напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва изгледале како да се по потекло „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не на руски“, пренесува белоруската телевизија NEXTA, повикувајќи се на руски локалени медиуми.

Според руските медиуми, ФСБ соопшти дека најмалку 40 загинати и 100 ранети се „резултат на терористичкиот напад во Крокус“.

Вечерва најмалку тројца напаѓачи отворија оган врз посетителите на концертната сала и трговскиот центар „Крокус Сити Хол“ во московскиот регион. Во вознемирувачките видеа објавени на социјалните мрежи, се гледаат повеќе мажи со автоматско оружје како шетаат внатре во објектот и пукаат.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Московскиот суд издаде налози за апсење на судии на МКС вклучени во случаи поврзани со Русија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи