СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Од:

СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател, СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада.

Глас за Стево Пендаровски е глас за борба за сигурна европска иднина, глас за европска Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, напредок, стабилност и просперитет, подобра иднина за сите граѓани, од која нема откажување.

Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.

Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски, реагираат од партијата.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата