Медведев: Уништување на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили во Украина

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека уништувањето на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили доколку се појават во Украина. Медведев истакна дека би било убаво Французите да испратат неколку полкови во Украина.

– Многу е проблематично да се сокрие толку голем број воени лица, а прашањето за нивно систематско уништување нема да биде најтешката, но исклучително важна задача. Со толку многу ковчези што ќе и бидат доставени на Франција од странска, далечна земја, невозможно е да се сокрие масовната смрт на професионалните воени лица – напиша тој на каналот Телеграм, пренесува Ведомости.

Според него, француските војници ќе станат полноправни борци како дел од интервентниот контингент, а „нивното уништување ќе биде приоритет за вооружените сили на Русија“.

Медведев оцени дека за француското раководство тоа би било „еднакво на гилотина“.

– Со нив ќе се занимаваат претставници на опозицијата, на кои им беше кажано дека Франција не е во војна со Русија. Ова ќе биде добра лекција за Европа – вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, зборувајќи за можноста за испраќање западни трупи во Украина, мислел на испраќање војска за обука на украински војници во земјата, а не во странство.

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин во вторникот објави дека Франција се подготвува да испрати воен персонал во Украина, истакнувајќи дека во првата фаза контингентот ќе биде околу 2.000 луѓе.

Француското Министерство за одбрана ја демантираше оваа информација, нарекувајќи ја изјавата на Наришкин „уште еден пример за систематска употреба на масовна дезинформација од страна на Русија“.

Францускиот претседател на крајот на февруари најави можност за испраќање војници на НАТО во Украина, додека слични планови беа отфрлени во Германија, Полска, Словачка, Шведска, Унгарија и Велика Британија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека Алијансата нема намера да испрати своја војска во Украина, истакнувајќи дека францускиот претседател „треба да се консултира“ пред да донесе такви одлуки.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот