Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Од:

Родители на ученици од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид преку писмо доставено до медиумите реагираат на набавката на наметки и капи за матурантите од средношколската установа.

Во писмото се посочува дека сите ученици од школото од прва до четврта година били приморани да плаќаат по 450 денари за наметките наменети за матурантите. Притоа уште стои дека парите за набавка ги собирале класните раководители, дека таа опрема била наменета и за фотографирањето на учениците од завршните години, што според дописот, за матурантите од оваа учебна година веќе било завршено.

– Очигледно е дека раководството на средното охридско училиште е погодено од економската криза во Македонија и има потреба од дополнителни приходи, па дури користат ученици од ранливи категории со цел зголемување на нивниот приход, пишува во писмото на родители на ученици, кои бараат и одговор и објаснување од директорот на центарот и од раководство, додека од надлежните институции и невладините организации бараат да застанат на страната на средношколците и нивните родители.

Директорот на училиштето, Сашо Недески, во изјава за МИА појасни дека раководството на училиштето нема речиси никаква врска со начинот и постапката за набавување на матурските наметки и капи.

– Иницијативата за набавката произлезе од самите ученици, тие самите се организираа, беа спроведени и анкети меѓу учениците, а потоа процедурата за набавка беше одобрена и од Советот на родители. Самиот Совет на родители ги разгледа понудите, од кои беше избран набавувавачот. Учениците и родителите си го избраа изработувачот, сами и си ги собират средствата, училиштето нема никаква врска со процедурата. Дури и овозможено им е средствата од 450 денари што, да нагласам воопшто и не ги собира училиштето, да ги плаќаат на две рати, рече Недески.

Матурските наметки со лого на средното училиште веќе се вообичаена практика меѓу учениците од останатите средношколски установи во Охрид.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски