ДИК: Увид во Избирачкиот список направиле 46 584 лица, рокот за проверка на податоците истекува на полноќ

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека заклучно со 17.03.2024 во нејзините подрачни одделенија и канцеларии увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 5 544 лица. Вкупно 12 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 23 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 10 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Според ДИК, преку електронски пат заклучно со 17.03.2024, се провериле вкупно 41 040 граѓани. Поднесени се 37 барања за промена на податоци, 7 барања за бришење на податоци и 17 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, досега се пристигнати вкупно 2 230 пријави од кои 1 545 се прифатени, 193 се одбиени и 492 се необработени пријави.

-Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страницата www.dijaspora.sec.mk. Водно апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март 2024 година, до 24 часот. Исклучок од ова е пријавувањето на гласачите во дијаспората. Поради технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до 18 март 2024, 9 часот, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траеше прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.

Би можело да ве интересира

ДИК со првични резултати од парламентарните избори: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 пратенички мандати

ДИК: Сиљановска-Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски

Горан Наумовски

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ 341.255 гласови, СДСМ 117.076 гласови од 83% обработени гласачки места

Орце Костов

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов