Скопската полиција ноќеска го уапси Е.Л.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дела кражба, кражба на возило и за незаконско поседување на дрога, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа затвор „Идризово“ поради бегство од затворот. При апсењето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.
Уапсениот е спроведен во казнено – поправната установа затвор „Идризово“ за доиздржување на четири години и два месеци од казната.