ДУИ: Албанската опозиција водеше кампања по налог на Мицкоски и Левица

Од:

Секој ден се повеќе се докажува дека албанската опозиција е во континуирана координација со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со онаа на Левица, Димитар Апасиев.

Неодамнешните повици на Мицкоски до албанската опозиција да не се занимава со „албанските националистички барања“, покажува дека Мицкоски, Апасиеви и албанската опозиција веќе ја заокружиле соработката и свесно се построиле ПРОТИВ Европа и ЗА Русија.

Тоа го докажуваат и неодамнешните координирани напади врз Бујар Османи, чии центар е Белград и Москва.

Демократската унија за интеграција оценува дека, како и досега, напорите на Москва за поттикнување омраза кон Албанците и нашите меѓународни пријатели ќе пропаднат бидејќи јасните европски политики на Владата се патот што го посакуваат самите граѓани на земјата, додека координираните напади на опозицијата ќе бидат уништени кога на 24 април Бујар Османи ќе се натпреварува во вториот изборен круг, со што ќе биде избран за прв албански претседател.

Инаку, Мицкоски во интервју за Клан ТВ отворено и нареди на коалицијата составена од деривати на ДУИ во опозицијата, како што рече, да не води кампања за албанските националисти бидејќи ќе падне во стапицата на ДУИ, наведуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот