Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Од:

Жалбата против мерката притвор во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска е одбиена како неоснована од страна на Врховниот суд.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година, се вели во објавата на судот.

На денешната јавна седница на судот, на која се разгледуваше барањето за притворот поднесено од адвокатот Туфегиќ, таткото на Вања изјави дека не му е битно каде ќе ја дочека конечната одлука, и дека само сака разрешница,

„Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, рече Ѓорчевски.

Обвинителката образложи дека истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека давал информации на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо, за движењето на неговата ќерка.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

А1он

Стојков: Палчо ми кажа дека има некое велешко возило кое „се лепи за него, низ градот каде и да се движи“

Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата

Самарџиев: Манев кажа дека го убиле и закопале Панче, а во него пукал Љупчо Палевски

Каишиќ: Таткото на Вања се однесуваше чудно, Кешишов не однесе до местото каде беше закопано девојчето