По наредба на дежурен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Смедерево, на осомничените Д.П.(51) и А.Д.(44) им е одреден 48 часовен притвор поради постоење основи на сомнение дека на 10 март и се заканувале на мајката на оштетениот М.Ј дека ќе му нанесат физички повреди.
Осомничените се товарат дека околу 17 часот и 30 минути прво телефонски и се јавиле на мајката на жртвата М.Ј, упатувајќи повеќе навреди и пцовки, како и закани по животот и телото на нејзиниот син, кои закани ги повториле околу 22 часот и покрај предупредувањето на полициските службеници кои претходно извршиле разговор со осомничените со опомена да престанат со ваквото однесување.
По пријавување на повеќекратни закани, пријавените се донесени во просториите на полициската управа во Смедерево, извршено е алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во телото на осомничениот Д.П., 2,19 промили, а осомничениот А.Д. изнесува 1,37 промили, по што се приведени, а во законскиот рок ќе бидат изведени на распит кај јавен обвинител со кривична пријава.