Жозе Мурињо призна дека не е задоволен од играта на Хуан Мата и затоа го држи на клупата.
Шпанецот е главно резерва од почетокот на сезоната.
Тоа веднаш предизвика шпекулации за конфликт меѓу него и Мурињо и во лето дури се зборуваше за продажба на Мата.
Сезоната напредуваше, а Мата продолжува да биде главно резерва. И сега Мурињо конечно призна дека не е задоволен од играта на Шпанецот.
„Има работи кои не можам да ги зборувам со вас. Но тој играше против Евертон од почетокот и можете да ја анализирате неговата презентација”, прокоментира Специјалниот на пресконференцијата пред редовното коло.