ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Од:

Во 2022 година, ЦИА го предупредила американскиот претседател Џо Бајден дека има 50 отсто или повеќе шанси Русија да употреби нуклеарно оружје доколку утврди дека нејзините сили се десеткувани и дека илегално анектираната територија на Крим е во опасност, пишува Њујорк Тајмс.

„Њујорк тајмс“ објави дека Бајден го одржал говорот „Армагедон“ во Њујорк на 6 октомври 2022 година, токму поради оваа причина. Тогаш американскиот претседател рече дека „САД не се соочиле со можноста за Армагедон уште од времето Кенеди и кубанската ракетна криза“.

Во таа прилика Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен кога споменува нуклеарен напад.

„Путин не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно, биолошко или хемиско оружје, бидејќи неговата војска, веројатно, очајно потфрли“, рече Бајден.

Во февруари 2022 година, откако Русија ја нападна Украина, американските разузнавачи првично рекоа дека нема докази дека Русија планира да користи оружје за масовно уништување. Но, кога Украина изврши контранапад и почна да го потиснува рускиот напредок, ЦИА предупреди дека ги пресретнала сите дискусии на руските сили за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје од помал размер.

Марк Мили, поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, ја нарече ситуацијата „нуклеарен парадокс“ за САД.

„Колку Украинците се поуспешни против Русите, толку е поголема веројатноста Путин да се закани дека ќе употреби нуклеарна бомба или всушност ќе ја употреби“, коментира Мили.

Би можело да ве интересира

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Директорот на ЦИА потврди дека Трамп ја суспендира разузнавачката помош за Украина

А1он

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје