Иванов присуствуваше на литургија во манастирот во Калишта по повод Мала Богородица

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска присуствуваше на светата литургија со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан по повод празникот „Рождество на Пресвета Богородица“ што се одржа во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта.

– На сите православни христијани сакам да им го честитам големиот празник Рождество на Пресвета Богородица. Ова е празник и за славење и за радување. Празник кога го славиме семејството, празник кога ги славиме рожбите. Затоа ова е ден кога треба да се потсетиме на обврските кон семејството, обврските кон децата, да се грижиме за нив и да даде Господ да имаме што повеќе рожби, изјави претседателот Иванов.

Чествувањата на овој голем христијански празник во Калишта започнаа синоќа со миротонисување и благословување на верниците кои го посетија овој верски храм. Пред иконата на Исусовата Мајка, за која се смета дека има чудотворна моќ, се поклонија илјадници посетители, меѓу кои и припадници на други религии кои веруваат во чудотворната икона на Пресвета Богородица.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on