Пакистан денеска го ослободи мула Абдул Гани Барадар, кој на времето бил најблискиот соработник на лидерот на авганистанските талибански бунтовници Мула Омар, изјави портпарол на пакистанското Министерство за внатрешни работи.
Според Исламабад, ослободувањето на мула Барадар, кој е уапсен во 2010 година, има за цел „да го олесни мировниот процес во Авганистан“, со кој се предвидува прекин на 12-годишниот конфликт меѓу Владата во Кабул, поддржана од НАТО, и талибанските бунтовници.
Претходно Исламабад пушти на слобода 26 поранешни команданти на авганистанските талибанци.